ПравдаСветот на работникот

ЗРО: Законски ви следува 24 часовен неделен одмор

ЗРО: Законски - Работник
176views

Членот 132 од Законот за работни односи го регулира делот со паузата за време на работното време. Според него, за време на дневното работно време работникот кој работи 6 часа и подолго од 6 часа има право на пауза во времетраење од 30 минути.

Работникот кој работи со пократко работно време, меѓутоа најмалку 4 часа дневно, има право на пауза во траење од 15 минута.

Должината на паузата во случај на нееднакво распоредување или времено прераспоредување на работното време се одредува пропорционално на должината на дневното работно време.

Паузата може да се одреди дури по 2 часа работа и најдоцна 3 часа пред крајот на работното време.

Според членот 133 работникот има право на дневен одмор од најмалку 12 часа непрекинато меѓу два последователни работни дена во текот на 24 часа.

Кога станува збор за неделениот одмор, работникот има право на истиот во траење од најмалку 24 часа непрекинато, плус 12 часа дневен одмор од членот 133 погоре.

Ден на неделен одмор по правило е недела или друг ден во неделата.

Извор: Кариера