Идеално место за работа и просечна плата од над 3,000 евра

Има една преубава светска земја која не е толку често на „мапата“ на работниците на далечина, но која се повеќе добива на популарност. Со оглед на тоа што го нуди, не чуди што тоа е така.

На пример, во еден од најубавите градови на планетата – Лисабон, престолнината на Португалија, просечната плата за 2023 година изнесува 3,755 евра, што е значајно повеќе во просек од останатите земји (1,269 евра месечно).

Да бидеме фер, медијалната плата во Лисабон би била 1,416 евра за еден месец, но предноста е во тоа што работниците на далечина можат да работат за многу повеќе пари и дополнително да уживаат во пофлексибилно организирано време, добри временски услови, природна убавина и добра забава.

Португалија не пружа „идеални“ услови како некои други земји, како Германија, Австрија или скандинавските земји, но нуди други бенефити поради кои провлекува се повеќе странци. Една маана на северните земји е специфичниот менталитет и климата која не е подгодна за многу Европјани, иако платите и деловните можности се добри.

Веб страната nhglobalpartners.com дава подетален увид во платите во Португалија, од кои најмногу се истенува инженерската просечна плата од 2,410 евра, како и платата на работниците во продажба – 1,730 евра.

Инаку, Американците масовно се селат во Португалија, во потрага по „посреќен живот“. Моментално на најзападната точка од Европа ги има во бројка околу 7,000.

Зошто оваа јужноевропска земја е атрактивна за преселување?

„Работите за да живеете“, а не „живејте да работите“ е мотото во Португалија. Ова ја прави земјата да биде се попривлечна за бројни граѓани од светот кои сакаат поопуштен дневен ритам.

CNN пишува дека „пакувањето на куферите и заминувањето во Португалија поради живот и работа“ може да биде многу подобра прилика отколку што мислите.

Оваа земја долго време била една од најпристапните опции во Европа кога е во прашање барањето на виза за престој, благодарение на програмите коишто им се нудат на странците кои не се државјани на Европската Унија. А со новата виза за привремен престој – наменета за дигиталните номади – сите услови се дополнително олеснети за работниците на далечина.

Некои Американци кои веќе направиле исчекор велат дека бараат попристапна здравствена нега и засолниште – изолирано од насилство со огнено оружје, покрај поволностите кои ги пружа Португалија, а тие, меѓу другото се, побавно темпо, благи температури и привлечни понуди за патувања ширум Европа.

Еден од начините да живеете и работите во оваа, во сонце избањата земја, е добивање на Д7 виза, која мора да се „претвори“ во барање за престој во рок од четири месеци по издавањето и моментот кога ќе стигнете во ПОртугалија, а подразбира дека нејзините приматели да поминат 16 месеци од првите 24 во Португалија, при некои одредени услови.

 

digitalni nomad, rad na daljinu, laptop

Фото: Freepik

Процесот на поднесување на барање за Д7 визата обично трае шест месеци.

Друг начин може да биде португалската програма за инвестициски визи, Златна виза, покрената во 2012 година која нуди пат до престој во земјата низ инвестиции кои можат да се стекнат преку неограничено купување на недвижности во вредност од 500,000 евра.

За луѓето кои не сакаат да поминат многу време во Португалија, Златаната виза бара само примателите на визата да поминат од 7 до 14 дена во годината во Португалија, а истовремено им нуди и простап до бенефитите на Националната здравствена служба и државјанство после пет години.

Но ограничувањата кои стапиле на сила во 2022 година, ги ограничиле локациите во Португалија каде што може да се инвестира во недвижности, што некои луѓе ги оддалечило од идејата да се преселат таму.

И последна во низата, визата за привремен престој – покрената на 30 октомври 2022 година, која се нарекува и „виза за дигитални номади“, им ги олеснува условите на работниците на далечина за преселување во земјата. Им дава право да останат една година во таа земја, се додека можат да докажат дека заработуваат најмалку 2,820 евра работејќи за компанија вон Португалија.

Извор: Telegraf Biznis

Фото: Shutterstock