ЕкономијаСвет

Иднината пристигна: почнува плаќањето на сметките со отпечаток на прст

Иднината пристигна - Работник
77views

Британската банка НатВест покренала тримсечени пробни биометриски картици со отпечатоци од прсти од 150 потрошувачи.

Банката претходно ги пилотирала биометриските дебитни картички, но сега по прв пат за проба се изадени кредитни картички.

Биометриските кредитни картички ќе нудат бесконтактно плаќање со користење на проверка на отпечатоците од прст за транскации до 100 фунти и ќе се зголеми на моменталниот лимит од 30 фунти.

Кратичката ќе се напојува преку терминалот за картички и кога потрошувачот ќе ја претстави картицата, зеленото светло ќе означува дека отпечатокот од прстот успешно се совпаѓа.

Директорката за иновации на НатВест, Џорџина Булкли вели:

„После успешниот пилот на нашата биометриска дебитна картичка, сакаме и понатаму да ја тестираме технологијата со кредитните картички. Ова е најголем развој на технологијата во картичките во последните години и не само што отсуството на внесувањето на кодот ја зголемува безбедноста, туку и на нашите потрошувачи им го прави полесно плаќањето на производите или услугите.

НатВест соработува со МастерКард и дигиталната компанија Гемалто, за да ги воведе услугите за корисниците во Велика Британија, пренесува идникатор.ба.