СветСветот на работникотСиндикат

Избрале отпремнина: 296 доктори побарале раскинување на договорот за работа

Избрале отпремнина - Работник
205views

На повик на црногорското Министерство за јавна управа за раскинување на договорите за работа се јавиле 296 доктори, покажале податоците кои ги објавил синдикатот на докторите на медицина.

Како што пренесува „Дан“, тоа е најголемиот број во јавниот сектор.

Според податоците на Министерството за јавна управа, на јавниот повик за спогодбено раскинување на работниот однос со исплата на отпремнина се пријавиле 1,752 вработени.

Спогодбеното раскинување на работниот однос се реализира во рамките на Планот за оптимизација на јавната управа 2018 – 2020 година, за да се намалат трошоците од буџетот и да се намали бројот на вработени.

Според последните податоци на Министерството за здравство, на Црна Гора и недостасуваат околу 200 доктори и преку 300 медицински сестри.

Претседателката на синдикатот на докторите на медицина, Милена Поповиќ Самарџиќ рекла за Дан дека не знаат точно колку доктори барале заминување со исплата на отпремнина, но меѓу нивните колеги владее големо незадоволство поради ниските плати и односот на државните институции кон тој повик.