Uncategorised

Избрани нови лидери на Светската конфедерација на работниците од јавниот сектор

Фејсбук статус на Синдикатот за администрација и државна управа: 

Приказните за работничките борби доминираа на 31-от Конгрес на PSI, Светската конфедерација на работниците од јавниот сектор, што се одржа од 14-18 октомври во Женева. САДУ со своја делегација зема учество на Конгресот, каде беа избрани нови лидери. За Генерален секретар беше избран Daniel Bertossa, а за Претседател Britta Lejon. При усвојувањето на акциската програма на PSI за следните пет години, имаше многу дебати за тоа како да се работи заедно за промена на структурите на моќта, борба против профитерството и развој на јавните услуги за подобар свет.