Македонија

Извлечени добитниците од еко наградната игра „Ја сакам мојата општина“

Извлечени добитниците од еко наградната игра - Работник
262views

Денес во општинската сала на Крива Паланка беа извлечени добитниците на наградите од спроведената еко наградна игра „Ја сакам мојата општина“.

Градоначалникот Мицевски заедно со стручните лица од општината, пружија директна поддршка и сериозно се вклучија во реализација на оваа иницијатива и ги преземаа сите потребни мерки за популаризација на еко акцијата за собирање на електронскиот и електричениот отпад.  Затоа, еко акцијата на кривопланчани резултираше со вкупно соберени три еко магацина или околу три тона електронски и електричен отпад.

Градоначалникот на oпшина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски го истакна своето големо задоволство од високата професионалност и организираност на тимот, кој директно беше вклучен во реализација на еко акцијата, упати благодарност на граѓаните  за масовното учеството во селекцијата на овој тип на отпад и воедно ја поздрави иницијативата на Елколект за наградување на совесните граѓани.

Тој истакна дека резултатите од оваа еко акција покажаа дека граѓаните на Крива Паланка имаат вистинска потреба од еколошки чиста општина, тие се креатори и заштитници на животната средина и човековото здравје, а нивната екоолошка свест е на високо ниво.

Регуларноста ја следеше комисија составена од претставници на Општината, претставник од ЈП Комуналец, како  и член од компанијатата Елколект ДОО Скопје- колективен застапувач со електрична и електронска опрема.

Наградите за добитниците беа обезбедени од страна на компанијата Елколект, Општина Крива Паланка и ЈП Комуналец, а беа извлечени од страна на учесници од публиката.