Наука

Изгледа дека ѕвездата Бетелгез нема да експолодира, потеменела од други причини

Изгледа дека ѕвездата - Работник
581views

Огромната ѕвезда Бетелгез која се наоѓа во соѕвездието Орион, во ноември минатата година ненадејно потемнела и сјаела најслабо во 21 век. Притоа, забележено е дека го изменила обликот, односно нејзината видлива форма се деформирала.

Оваа ѓиновска ѕвезда е позната по тоа што еден ден ќе експолодира и ќе се појави на нашето небо како супернова, при што нејзиниот сјај би бил видлив и преку ден, а навечер со своето блескање би можела и да ја засени Месечината. Многу астрономи се запрашале дали ова затемнување е знак за скорешната експолизија или дали се работи за нешто друго, како нанос на гас и прашина кои ја засениле ѕвездата, пишува Science Alert.

Минатиот месец нејзиниот сјај започнал да се враќа на претходното ниво и астрономите одлучиле одново да ја измерат нејзината температура за да утврдат што точно се случувало со неа. Дошле до откритие дека ѕвездата не поминала низ внатрешни промени (флуктуации), туку дека затемнувањето кое е воочено е предизвикано од страна на голем облак на прашина.

Астрономите на 14 февруари будно го анализирале спектарот на светлост од Бетелгезе со помош на кој можеле да ја измерат нејзината температура. Откриле дека нејзината темепература е околу 3,325 Целзиусови степени, што одговора на мерењата од 2004 година, но и од 2011 година, кога температурата на оваа ѕвезда изнесувала 3,317 степени.

Црвениот џин како Бетелгез живее брзо и умира млад и го троши водородното гориво за помалку од 10 милиони години. При својот крај, тој експолодира во супернова – исклучиво силна експолозија во која се ослободува доволно енергија да со својот сјај го засени остатокот од галаксијата. Такава експолозија би можела да се случи во наредните 100,000 години.

Но, што би се случило ако ова ѕвезда набрзо експлодира? Бетелгез се наоѓа релативно „блиску“, оддалечена е околу 450 светлосни години од Земјата. Кога ќе експодира во супернова, Бетелгез би можела во текот на неколку недели или дури и месец силно да го осветли нашето небо, како и да ја засени и Месечината.

За наша среќа, се наоѓаме вон „зоната на смртта“ која се простира на 50 светлосни години од експлозијата и до нас нема да стигне никава количина на смртноносно зрачење. Суперновата Бетелгез во тој случај би била едниствен интересен научен настан и исклучиво фасцинентен небесен спектакл.