Издале повеќе од 100,000 дозволи за работа само во 2022 година: Хрватска станува се поатрактивна за странците

Меѓу најбројните на кои им се издадени дозволи за работа се Македонците

Хрватска оваа година издала повеќе од 100,000 работни дозволи на странски работници, а причината за тоа се големите демографски промеени низ кои поминува – пред се одливот на домашна работна сила, но и економскиот раст, објавила агенцијата за вработување PickJobs, на основа на истражувањето спроведено меѓу работодавачите.

Последениве три години гледаме пораст на бројот на барањља за дозволи за работа на странски работници од далечни земји кои во главно пристигнуваат преку агенциите. Во Хрватска најмногу доаѓаат нискоквалификувани работници, претежно во услужните дејности, истакнале од PickJobs, пренесува ХРТ.

Овие дејности се: туризам, угостителство, градежништво.

Но, се бараат и земјоделски работници, како и работници за други сезонски работи. Се додава дека најголемиот број дозволи за престој во текот на 2022 година им се издадени на државјани на Босна и Херцеговина, Србија, Македонија, Непал, Украина и Филипини.

Извор: Biznis Telegraf.com