- Advertisement -
НовостиПравдаСветСветот на работникот

Измамени 432 работници: Некои од нив се од Македонија

Србија увезува работна сила - Работник
426views

Словенечката полиција поднела кривична пријава против тројца словенечки државјани за кои се сомнева дека измамиле 432 работници. Како што се наведува, измамиле во главно странски градежни работници, за најмалку 2,1 милион евра во периодот од 2011 до 2019 година, пишува порталот Индикатор.

Криминалистичката полиција во Цеље на крајот на мај ја завршила долготрајната истрага на системското прекршување на основните работнички права, соопштила вчера Полициската управа на Цеље, пренесува словенечката агенција СТА.

Advertisement

Откриено е дека работодавачите ангажирале работници од Босна и Херцеговина, Србија и Македонија, а подоцна, по некое време, повторно ги вработувале во „фиктивни“ компании.

Осомничените „фиктивни“ директори на тој начин управувале со 22 компании во тој период, додека на работниците намерно не им исплаќале плати, придонеси за социјално осигурување, како здравствено и пензиско осигурување, ниту плаќале даноци и отпремнини.

Advertisement
Advertisement

Преку Словенија до Франција и работа за минималец 12 часа дневно

И покрај сите јавни објави, нечесните пракси кои работодавачите во Словенија ги спроведуваат против работниците од БиХ, како што се лажирање на потписите, одјавување на работниците без нивно знаење, неплаќање на плати и придонеси, продолжуваат, пишува РТВ Словенија.

Интернет порталот на оваа медиумска куќа објавил прилог за шестина државјани на БиХ кои преку Словенија завршиле во Франција. Се започнало во непосредна близина на нивниот роден град.

Кога барале работа, сретнале локален бизнисмен на кој му биле потребни работници. Се сретнал со сите на блиската бензинска станица и им понудил работа во Словенија. Во градежната индустрија. Им рекол дека ќе работат по 8 часа и дека заработката по час ќе им изнесува 5 евра.

По средувањето на „документите“ стигнале во Словенија, каде имале само неколку часа да средат за привремен престој, на адреса која не ја виделе, да отворат при – пејд телефонски број во Словенија и да потпишат договор за вработување со фирмата Гаргос од Шкофја Лока.

На пладне веќе биле на пат за Франција, каде ги чекало сместување во помала стамбена куќа и започнување со работа на градилиште следниот ден. Меѓутоа, наместо договорените пет евра, добиле минимална плата.

Набрзо биле преселени на ново градилиште кое било речиси 200 километри оддалечено од местото каде биле сместени. На работа оделе преку локални патишта, бидејќи „шефот“ им рекол дека патарините во Франција се прескапи или дека не наменил пари за нив. Така 10 часовното работно време со превозот достигнало до 13 часа, шест дена во неделата.

По 9 – месечното работење за минимална плата и 12 часа работа, работниците ги дочекал нов ладен туш. На договорениот датум, платата не им била префрлена на сметките, а „шефот“ не се јавувал на телефон. Биле доделени на инвеститорот на проектот во Франција кој тврдел дека парите за нив ги дал на нивниот „шеф“, покажал разбирање за нив и директно ги вработил во неговата компанија. На крајот од работата отишле на одмор кај своите семејства.

Во текот на разговорите со своите сонародници, запознале некои од работници кои веќе ја испробале истата компанија.

Според зборовите на споменатите работници, „шефот“ го фалсификувал потпишувањето на прекинувањето на работниот однос, што ги оставило вработените без работни дозволи, па поради тоа не можеле да се вратат кај својот француски работодавач, каде минатиот месец „работеле“ на црно без нивно знаење. Освен тоа, тоа исто така значело дека со напуштање на системот на здравствено осигурување во Словенија нивните семејства во БиХ останале без здравствено осигурување.

Бидејќи морале да го средат здравственото осигурување во својата земја се обиделе да го контактираат поранешниот работодавач кој на крајот им пратил список на кои имало возачи на камиони од домашниот крај, на кои им било запишано дека потпишаниот работник го откажува договорот за работа кој на прв поглед не е сличен на потписот на работникот во договорот за работа.

Во пронаоѓањето на решение на ситуацијата, ја контактирале Работничката советодавна служба во Словенија, каде постојано се соочуваат со последици од такво посредување на работници од БиХ во други држави преку словенски компании.

Извор: blic.rs

Фото: Freepik

Advertisement