Правда

Измени, дополнувања или нов закон за Безбедност и здравје при работа

Измени, дополнувања или нов закон - Работник
393views

Во рамките на отпочнатиот процес на ревидирање и унапредување на законската рамка во областа на безбедност и здравје при работа, т.е. ревидирањето на постоечкиот Закон за безбедност и здравје при работа (од 2007 година), Македонско здружение за заштита при работа учествуваше со свој претставник на претстојната тридневна работилница која се одржува од 16 до 18 октомври во хотел Романтик Велес. Работилницата е организирана од страна на Министерство за труд и социјална политика и на неа учествуваа организации и институции кои доставија официјални предлози, образложенија и препораки за измени и дополнување или донесување на нов закон за безбедност и здравје при работа, објавија од МЗЗПР на нивната веб страна.

На овој настан ќе бидат презентирани детални предлози од страна на МЗЗПР во насока на унапредување на законската рамка за БЗР.

Извор: МЗЗПР