- Advertisement -
НовостиПравдаСветСветот на работникотСиндикат

ИКЕА е на суд во Франција поради шпионирање на работниците

„Ikea“ има проблеми - Работник
142views

Француската подружница на шведскиот ланец за трговија со мебел Икеа, се нашла на обвинителната клупа пред судот во Марсеј поради тврдењето на синдикатот дека организирала разработен систем на шпионирање на работниците и кандидатите за работа. 

Судењето започнало во понеделникот, а обвинението е подигнато против компанијата Икеа Франција и неколку нејзини поранешни лидери кои би можеле да добијат затворски казни.

Француските весници „Le Canard Enchaine“ и Mediapart го откриле разработениот систем за надзор во 2012 година, а обвинителите го процесуирале случајот отккао синдикатот Force Ouvriere поднел тужба. 

Обвинителите тврдат дека Икеа Франција воспоставила „систем на шпионирање“ во цела Франција, собирајќи информации за приватниот живот на стотици работници и за оние кои допрва требало да станат, вклучувајќи и доверливи податоци за казнените евиденции. 

По медиумските известувања компанијата отпуштила четири раководители, но се уште и се заканува парична каза од 3,75 милиони евра. 

Групата од 15 обвинети вклучува и поранешни продавници и највисоки лидери, како поранешниот извршен директор Стефан Вановербек и неговиот претходник Жан – Луи Баилот, но и четворица полицајци, поради сомнежи дека одавале доверливи информации. 

Обвиненијата вклучуваат незаконско собирање на лични податоци, примање на незаконски прибавени лични податоци и кршење на професионални тајни, а некои од нив предвидуваат и максимална 10 – годишна затвроска казна. 

Во средина на системот бил Жан – Франсоа Парис, поранешен директор на Икеа Франција, за управување со ризици кој според тврдењата на обвинителите, редовно на приватните  истражувачи им испраќал листа со имиња за „истрага“. 

Нивните трошоци некогаш изнесувале до 600 илјади евра годишно, покажуваат судските документи кои АФП ги добил на увид. 

Судот ги истажува постапките на Икеа, во период од 2009 до 2012 година, но обвинителите тврдат дека праксата започнала речиси пред една декада. 

Адвокатот на Икеа, Фрнац Емануел Дауд признал дека случајот ја открил „организациската слабост“ во Икеа Франција. 

„Каква било пресуда да донесе судот, компанијата е веќе строго казнета во поглед на репутацијата“, рекол Дауд.