- Advertisement -
ЕкономијаСиндикат

Илиничиќ: Во планот за работење на Железници предвидено е зголемување на платите

Илиничиќ: Во планот за работење - Работник
213views

Генералниот директор на Железници на Република Српска, Зоран Илинчиќ порачал дека управата на ова претпријатие во својот план на работење за тековната година предвидела и зголемување на личните примања на работниците и ги негирал медиумските наводи на синдикалните организации дека Управата на ЖРС не презема активности по тоа прашање.

„Во склоп со тоа, покренавме разговор, како некое решение за тоа зголемување, околу колективниот договор. На барање на синдикатот тие разговори се запрени додека не биде направена нова систематизација“, рекол Илинчиќ.

Advertisement

Тој рекол дека управата смета дека постои доволен простор да се заврши тој поединечен колективен договор за да се смени планот за работење и да се зголемат примањата на работниците.

Според неговите зборови, управата, покажувајќи добра намера го прифатила барањето на синдикатот за да прво се изврши систематизација кое Управата го прифатила во работна верзија и го продолжила рокот на синдикатите за да се изјаснат.

Advertisement

Илинчиќ потврдил дека Управата примила коментари од синдикатите за работната верзија на систематизацијата која ќе ја разгледа и истакнал дека има конструктивни предлози, како и оние кои се штетни за компанијата.

Тој додал дека сегашниот износ на стимулацијата е доказ дека Управата реализира и повеќе од предвидениот план за работење.

Advertisement