- Advertisement -
ЗанимливостиМагазин

Илон Маск бара лице кое би го „бранело“ на социјалните мрежи

Илон Маск - Работник
94views

Милијардерот Илон Маск, извршниот директор на Тесла, има одредени проблеми со својот имиџ на социјалните мрежи, поточно со негативните коментари испратени до него и неговата компанија.

Поради тоа компанијата Тесла објави оглас за работа во кој се бара „специјален“ експерт – поточно, лице кое би го „бранело“ Илон Маск на социјалните мрежи.

Advertisement

На почетокот, тоа бил оглас за техничка поддршка, но потоа истиот се транформирал во оглас во кој се бара експерт кој „треба да се справи со поплаки, соодветни канали и критичко размислување и да се занимава со содржини на социјалните мрежи насочени кон извршниот директор на компанијата“.

Милијардерот Маск само на Твитер има околу 42 милиони следбеници.

Advertisement

На Маск најверојатно му пречат коментарите, и навредувањата на социјалните мрежи, особено откако компанијата минатата година го укина одделот за односи со јавност.

Advertisement