Илон Маск вработува нови работници во Твитер: се бараат програмери и маркетери

Милијардерот Илон Маск бара нови вработени на Твитер, пренесува порталот Verge.

Во написот се вели дека, според сопственикот на социјалната мрежа, организацијата ги завршила сите отпуштања и сега е подготвена да регрутира нови специјалисти.

„Луѓето со познавање на софтвер имаат најголем приоритет“, порталот ги цитираше зборотовите на Маск кои ги кажал на состанокот со вработените.

Порталот како извор наведува аудиоснимка и информации од две лица кои биле присутни на состанокот.

Забележано е дека Маск им кажал на вработените во Твитер дека се бараат програмери и маркетери. Во исто време, Verge посочува дека во моментов компанијата нема објавено никакви слободни работни места на својата веб-страница.

Претходно Блумберг објави дека милијардерот Илон Маск планира да продолжи со отпуштање на вработените во Твитер кои не се подготвени да се согласат со зголемување на работното време.