Правда

Илјадници демонстранти на протестите во Богота

Илјадници демонстранти - Работник
139views

Илјадници Колумбијци, гневни на Претседателот на државата Иван Дуке, вчера протестирале во Богота поради бројни причини меѓу кои се долготрајната економска нееднаквост и насилството врз активистите.

Студенти, наставници и членови на синдикатите се собрале на еден од најголемите протести во Колумбија во последните години, ставајќи ја непопуларната Влада пред тест додека немирите го потресуваат регионот на Латинска Америка.

Некои демонстранти носеле плакати на кои Дуке бил прикажан како свиња, други танцувале во светли бои и рамни шешири, пренесува Бета, повикувајќи се на АП.

За разлика од другите неодамнешни протести во Латинска Америка, овие демонстрации во Богота не се инспирирани од некои конкретни настани, туку од различното незадоволство на луѓето.

Аналитичарите се скептични дека протестот би можел да доведе до подолги немери како во Боливија, Чиле и Еквадор и наведуваат дека во одредена држава која има добра економија во регионот нема доволно фактори кои ги обидиниле незадоволните.

И покрај спогодбата од 2016 година која претходната Влада ја постигнала со левичарските бунтовници, поголемиот дел од Колумбија е и понатаму погоден од насилства поради криминалните наоружани групи кои се борат за територијата на која државата не е присутна.

Колумбијската економија оваа година брзо расте, но државата има најголема стапка на нееднаквост во Јужна Америка.