- Advertisement -
НовостиПравдаСветСветот на работникот

Илјадници здравствени работници добиле откази, и тоа преку СМС порака

Илјадници здравствени работници - Работник
965views

Пандемијата со коронавирусот пред една година жестоко ја погоди Шпанија и тогаш биле ангажирани дополнителни медицински работници. 

Повеќе илјадници од нив работеле додека ги држеле нозете и биле изложени на голема опасност. Многумина се заразиле, а некои од нив и починале како последица на короната. 

Но се чини дека нивниот ангажам повеќе не се цени кога бројот на заразени опаѓа. Тие повеќе не се потребни.

Како што пишува Дојче Веле, само во покраината Валенсија стотици здравствени работници „преку ноќ“ добиле откази.

Многу од нив и понатаму не се осодуваат јавно да зборуваат за тоа. 

Медицинската сестра Лора особено ја шокирало што нејзините колеги биле отпуштени преку СМС порака. 

„Таквиот начин на третирање го сметам за непристоен. Тоа покажува дека немаат никакво почитување кон луѓето кои во текот на пандемијата дале се од себе. Тогаш биле итно потребни за да системот функционира, а сега се чини дека таму биле еднократно“, рекла таа за Дојче Веле. 

Сепак вели дека едниствена надеж е тоа што им е најавено дека многумина од нејзините колеги ќе бидат вратени на работа во текот на летото, како замена за работниците кои се на одмор. 

Извор: Дојче Веле

Фото: Бета