Правда

Илјадници луѓе излегле на протест во Судан

Илјадници луѓе излегле на протест во Судан - Работник
117views

Илјадници луѓе вчера протестирале во Судан поради тешките економски услови и безбедносните проблеми и бараат промена на гувернерите во сите провинции, соопштиле суданските активисти. Синдикалното „Суданско здружение на професионалци“ соопштило дека протестите се одржани во провинцијата Дарфур.

Ова се едни од најмасовните протести после августовската демонстрација кога барале поделба на власта помеѓу генерали и цивилен сектор.

Недостатокот на храна и гориво ги покренал протестите во декември минатата година против поранешниот Претседател на Судан, Омер Ал Башир кој војската го тргнала од власт во април оваа година.

Силите на ал Башир брутално ја сузбиле побуната во Дарфур, а Меѓународниот кривичен суд го бара поради обвиненијата за воен злостор поврзан со конфликтот во Дарфур во текот на 2000 – те години.