ПравдаСветСветот на работникотСиндикат

Илјадници Романци протестираа против нападите на шумски работници

Илјадници Романци - Работник
147views

Илјадници Романци маршираа во главниот град Букурешт и во другите градови во неделата во знак на протест против распространетата илегална сеча на дрва, за што се верува дека е причината за смртта на двајца шумари во изминатите два месеци.

Во центарот на Букурешт околу 4,000 луѓе маршираа до Министерството за водостопанство и шумарство, пренесоа локалните ТВ станици, удирајќи по тапаните и велејќи: „Нашите шуми не се ваш комодитет“, како и „крадци“.

Протстите, организирани од страна на Гринпис Романија и други еколошки организации, бараа длабоки криминални истраги за смртта и нападите на шумските работници, итни подобрувања на автоматскиот систем за сечење и следење во државата, како и потесна легислатива.

Федерацијата на синдикати „Силва“ рече дека шест шумари биле убиени оваа година, додека 650 шумари биле претепани од страна на дрвокрадците.