ПравдаСветСветот на работникотСиндикат

Има многу непознаници околу враќањето на децата во училиште

Има многу непознаници - Работник
18views

Претседателката на синдикатот на хрватските учители, Сања Шпрем денеска оценила дека Министерството за образование потфрлило со тоа што не дало инструкции за враќањето на учениците во ниските одделенија во училиштата, истакнувајќи дека околу тоа постои многу прашања и непознаници.

„Ресорното министерство со ваквите постапки потфрли кон родителите, вработените во образованието и работодавачите. Сите сме во необрано грозје, има илјадници прашања и непознаници, а никој во овој момент не знае како тоа ќе се одвива“, рекла Шпрем по состанокот во Министерство за труд и пензиски систем.

Според инструкциите на Хрватскиот завод за јавно здравје за градинките и училишната настава од 25 мај, се зголемува бројот на децата во градинките и училишните класови, учениците во училиштата можат да дојдат сами, а изјава од родителите повеќе не е потребна.