ПравдаСветСиндикат

Им ги прекинувале договорите за работа пред Божиќ, а потоа повторно ги вработувале

Им ги прекинувале договорите - Работник
132views

Од синдикатот на хрватските учители предупредиле на училиштата кои, како што тврдат, не сакаат да им ги исплатат божиќните додатоци на вработените на определено работно време.

Поради тоа пред Божиќ им даваат откази, а по неколку недели повторно ги вработуваат. Се работи за, како што велат од синдикатот“, за долгогодишна пракса, пишува Дневник.

Наводите на синдикатот дека Министерството за образование на училиштата им дало усемено соопштение за раскинување или откажување на договори на определено работно време од Министерството ги отфрлиле. Порачуваат дека нивниот став е дека треба да се вработува на определено се додека постои потреба за работа.

„Тие веќе немаат работа, но им се вели дека од 7 јануари со нив ќе потпишат нови договори за работа. Една вработена која вчера ни се јави рече дека е многу погодена, бидејќи на тој начин работи 12 години“, рекла Ана Тушкан, главен доверител на синдикатот на хрватските учители.

Едно училиште, пак им ги исплатило додатоците на вработените, а потоа од нив побарало да ги вратат назад.

Учителката Ирена го раскажа своето искуство:

„Пред неколку години работев на замена во едно училиште. Ми беше прекинат договор во средина на декември и повторно ми беше обновен во средината на јануари. Сега за среќа работам во училиште во кое нема пракса на укинување на договорите во текот на празниците“.