ЕкономијаСвет

Им го олеснуваат животот на жителите: Седум милиони луѓе ќе добијат по 1,280 долари

Им го олеснуваат животот - Работник
140views

Хонконг на своите граѓани ќе им подели по 1,280 долари за да ги намали последиците од економската криза.

Азискиот финансиски центар соопштил дека мерката подразбира дека сите жители кои живеат во Хонгконг  и кои имаат најмалку 18 години ќе добијат по 1,280 долари.

Околу седум милиони луѓе ќе имаат корист од оваа одлука, пренесува Си – Ен – Ен.

Финансискиот секретар Пол Чен рекол дека Хонгконг првпат ќе се соочи со дефицит во буџететот во последните 15 години, поради рецесијата која започнала во третиот квартал на 2019 година.

Се очекува ситуацијата да се влоши, а Чен вели дека дефицитот за следната фискална година до март 2021 година ќе достигне рекорд од околу 4,8 отсто од БДП на Хонгконг.

Додал дека економијата во Хонгконг оваа година се соочува со големи предизвици и дека изгледите се далеку од ветувачки во наредниот период.

Во текот на претставувањето на буџетот, Чен рекол дека на моменталната состојба влијаеле протестите во Хонгконг, трговската војна помеѓу Кина и САД, како и забавувањето на глобалната економија.

Сега, како што навел Чен, економијата се соочува со ширењето на коронавирусот кој и задал тежок удар.

Еден дел од парите за помош ќе стигнат од посебен фонд кој е основан поради влошување на економските услови поради новата епидемија на короновирусот.

Како што навел, Владата ќе го намали данокот на доход за некои жители, што ќе опфати два милиони даночни обврзници.

Властите планираат на жителите со ниски примања кои живеат во зградите во јавна сопственост, да им дадат еден месец бесплатно станување, а ќе им обезбедат и еднократна исплата на непривилегираните домаќинства.

Чен додал дека и покрај влијанието на коронавирусот кој може да има многу поголемо влијание од вирусот САРС во 2003 година, економските темели на Хонгконг остануваат цврсти.