- Advertisement -
ЗанимливостиМагазинНаука

Индија го гради најголемиот парк за обновлива енергија во светот голем колку Сингапур

Индија го гради најголемиот парк за обновлива енергија во светот голем колку Сингапур
186views

Индија ги постави темелите за енергетскиот хибриден парк за обновлива енергија, голем колку Сингапур, за кој што тврдат дека ќе најголемиот парк за обновлива енергија во светот.

Кога ќе биде завршен, паркот ќе произведува 30 гигавати електрична енергија преку ветерници и соларни панели, со што би се намалиле емисиите на јаглероден диоксид до 50 милиони тони годишно.

Хибридниот парк за обновлива енергија ќе биде најголем во светот и ќе генерира моќност од 30.000 мегавати“, истакна премиерот Нарендра Моди за време на официјалната инаугурација на паркот, пренесе АФП.

Индија не е единствената земја што планира да спроведе толку голем проект. Австралија има слични амбиции и во моментов планира да изгради нова најголема соларна фарма, за која се очекува да произведе 10 гигавати енергија.

Извор: futurism.com