Наука

Индија изгубила контакт со вселенското летало на месечината

Индија изгубила контакт со вселенското летало на месечината - Работник
32views

Индија изгуби контакт со вселенското летало кое се обидувало да слета на Месечината во саботата, рече Претседателот на Индиската вселенска организација (ИСРО), после неуспехот на амбициозните планови на нацијата да станат првата држава која ќе го истражи непознатиот лунарен јужен пол.

Слетувачот на индиската Чандрајан – 2 мисија на Месечината се обидувал „меко“ или контролирано да слета, во близина на јужниот пол на Месечината каде научниците веруваат дека има замрзната вода – мраз. ИСРО изгубила комуникација со леталото, кога слетувало на Месечината.

„Податоците се анализираат“, им рекол Претседателот на ИСРО, К. Сиван на собата полна со загрижени научници во центарот за следење во Бенгалуру.

Индиското дизајнирано летало кое што орбитирало низ месечината, почнало да се приближува кон лунарната површина во 2007 според Гринвич временската зона, но научниците изгубиле контакт со него во последната фаза на слетувањето.

„Слетувањето на слетувачот Викрам беше планирано и имаше нормални перформанси до висина од 2,1 километри. Подоцна, комуникацијата помеѓу слетувачот и земјината станица беше изгубена“, рече претставник на ИСРО. Слетувачот бил наречен Викрам по таткото на Индиската вселенска програма, Викрам Сарбхаи.

Преносот во живо од ИСРО, индискиот еквавилент на НАСА, покажа тензија кај научниците, како што контролната станица се бореше да дојде до сигнал од слетувачот.

„Има успони и падови во животот… Она што го постигнавте не е мало достигнување,“ Премиерот Нарендра Моди кој бил присутен во центарот на ИСРО им рекол на научниците по брифингот од страна на Сиван.

Иако ИСРО не објавил официјален став, Моди во формално адресирање до научниците и нацијата рекол дека слетувачот можеби се срушил на Месечината.