ПравдаСветот на работникот

Индија: Куќните помошници бараат да ги уживаат работничките права

Индија: Куќните помошници бараат да ги уживаат работничките права - Работник
214views

Голем број на куќни помошници, облечени во црвени индиски носии, вчера беа дел од протестот, барајќи од Владата да ги препознае како работници и да осигура тие да ги уживаат работничките права.

Работниците кои се дел од синдикатот за правата на куќните помошници, рекоа дека Владата и покрај тоа што е потписник на Конвенцијата Ц 189 на Меѓународната Организација на труд: Пристојна работа е Помошничка работа“, не успеала да ја ратификува истата. Овој проблем е уште од состанокот со МОТ во 2011 година.

Гета Менон, активистка која се бори за правата на куќните помошници, рече дека и покрај повторените потсетувања во форма на меморандум, протести и штрајкови, двете влади, Државната и на административната дивизија, ги игнорирале барањата на куќните помошници низ земјата.

„Несовесното однесување на креаторите на законите ги натера куќните помошници да излезат на улица и јавно да го покажат своето незадоволство“, рече таа. Додаде дека куќните помошници кои работат најмногу осум часа дневно, заработуваат од 38 до 63 евра, месечно, што е под минималната плата.

Муку Лахими, куќна помошничка од ЏП Нагар рече: „Покрај ова, ние сме некогаш изложени на насилно однесување од страна на работодавачите и сме жртви на несреќи на работно место. Чајник со жешка вода ми падна на нозете и ми нанесе неколку изгореници. Кога земав отсуство, мојата плата беше намалена“, рече таа.