ПравдаСветот на работникот

Индија:14 здравствени установи влегоа во симболичен штрајк

Индија:14 здравствени установи влегоа во симболичен штрајк - Работник
258views

Голем број на доктори во Западен Бенгал, Индија, продолжуваат со симболичниот штрајк во знак на протест против Владата предводена од Мамата Бенерје, а поради нападот врз медицински приправник во НРС Медицинскиот колеџ во Колкота, пишува Indiatoday.

Претседателот на Федерацијата на доктори (ФОРДА), Сумдех Санданшив го истакна истотот во соопштение коешто беше објавено од страна на медицинското тело.

Додека сите клучни одделенија како интензивна нега, ќе продолжат со работа, можно е дека хируршките одделенија ќе бидат погодени од штрајкот.

ФОРДА предупреди дека ќе ги интензивира протестите доколку барањата на докторите не се испочитуваат од Владата.

„Како Претседател на ФОРДА, им гарантирам на сите колеги во Западен Бенгал дека докторите во Делхи се со вас и доколку треба ќе ги засилиме протестите. Едноставното барање кое го имаме до Владата е да обезбеди сигурност на нашите доктори“, рече Сумдех Санданшив.

Во меѓувреме, докторите од АИИМС Делхи, денеска ги отповикаа цоите протести на солидарност со бенгалските доктори и и дадоа на Владата на Бенгал, 48 часовен ултиматум за да го реши проблемот.

Асоцијацијата на доктори – приправници (РДА) во АИИМС рече дека ако барањата на западно бенгалските доктори не се исполнат во рок од 48 часа, тие ќе бидат принудени да започнат неограничен штрајк. И покрај откажувањето на протестите, докторите од АИИМС ќе продолжат да носат црвени фластери и кациги во знак на протест.

„АИИМС издаде 48 часовен ултиматум до западно бенгалската Влада за да ги исполни барањата на докторите кои штрајкуваат таму. Доколку не го исполнат барањето, ние ќе бидеме принудени да влеземе во неограничен штрајк“, истакнале во соопштението од РДА.