ИнтервјуаСветот на работникот

Интервју: Пешевски – Бенефициран стаж за градежниците – Заложба на синдикатот на СГИП (Видео)

Интервју: Пешевски - Работник
782views

Градежните работници работат една од најтешките професии во светот на работата. Во Македонија нивните работнички права обемно се кршат од страна на работодавачите, а и голем дел од нив немаат сигурен социјален и економски статус. Во интервјуто, Заменик Претседателот на синдикатот за градежништво, проектирање и индустрија – СГИП, при Сојузот на синдикати на Македонија, Иван Пешевски зборува за најголемите проблеми на градежниците, како и за заложбите на синдикатот.

„Обемно е прашањето кога станува збор за одговорот на проблемите на градежните работници, бидејќи навистина ги има многу. Она што можам да го издвојам се екстремно тешките услови за работа. Како синдикат покренавме една иницијатива која се однесува на воведување на бенефициран стаж на градежните работници…“, вели Заменик Претседателот на синдикатот за градежништво, проектирање и индустрија – СГИП, при Сојузот на синдикати на Македонија, Иван Пешевски.