- Advertisement -
НаукаНовостиСветот на работникот

Интернет состаноци и демотивирани вработени: Како да го решите проблемот? Полесно е од што мислите

Фото: Shutterstock
476views

„Зум заморот“ е се почеста појава која пред се, влијае на жените и на новите работници во колективот. 

Многу вработени луѓе се запознаени со појавата позната како „Зум замор“, а таа се опишува како чувство на исцрпеност и недостаток на енергија по цел ден поминат во знак на виртуелни состаноци. 

Сега новите истражувања сугерираат дека жените и нововработените, можеби, се најподложни на овој феномен и дека овозможувањето на луѓето да ги исклучат своите камери во текот на состанокот би можело да направи голема разлика. Според студијата, објавена во „Journal of Applied Psycology“, во август, на степенот на замор не влијае количината на време помината на вирутелни состаноци или бројот на посетени состаноци. 

Меѓутоа, кога камерата е вклучена во текот на состанокот цел ден – тоа прави луѓето да се чувствуваат заморно. 

Истражувачите исто така откриле дека заморот од камерата влијае и на вработените во смисла на изразување на идеи и ангажманите во работата. Дури постои и поим кој се нарекува „преливање на следниот ден“, откриено е во студијата. 

За компаниите, резултатите би можеле да укажат на важноста за укинување на општите барања за употреба на камерата во текот на виртуелните состаноци кои се зачестија во текот на пандемијата и денеска компаниите нашироко ги користат. „Исклучувањето на камерата не значи дека вработениот не е ангажиран; нему или нејзе можеби и треба пауза од чувството дека е набљудуван/а за да се обнови“, вели Кристен М. Шокли, вонреден професор по психологија на Универзитетот Џорџија и водечки истажувач на студијата. 

„Постојат многу причини поради кои можеби не сакате да бидете пред камера во одреден момент, иако сте активно вклучени во состанокот“, вели таа. Што се однесува до несразмерниот ефект на жените и новите вработени во компаниите, истржувачите нудат неколку причини поради кои оваа група, би можела да биде повеќе сколна кон чувство на замор во текот на Зумот. 

Жените, кои се осудуваат поостро од страна на мажите, и во поглед на однесувањето и изгледот, веројатно ќе поминат повеќе време размислувајќи за тоа како изгледаат и фокусирајќи се на тоа дали на екранот изгледаат доволно вклучени во разговорот, вели д-р Шокли. 

Тоа одзема повеќе когнитивни ресурси и ментална енергија и на крајот е позаморно, додава. Исто така, веројатноста дека децата ќе го прекинат деловниот разговор е поголема кај жените отколку кај мажите, што може да предизвика анксиозност. Во меѓувреме, нововработените во канцеларијата немаат исто изграден однос со колегите, како оние кои подолго време работат, така да можеби повеќе се загрижени каква ќе биде реакцијата. 

Како резултат на тоа, мораат да вложат дополнителна енергија за да на состанците изгледаат анагажирано и внимателно, што исцрпува и кулминира со замор, вели д-р Шокли. Што повеќе фокус ставате на тоа да изгледате ангажирани, толку повеќе трошите енергија и веројатно ќе бидете и поуморни, вели таа. 

Извор: Biznis Telegraf