(Инфографик) Македонците требало да работат 41 минута за да можат да купат едно литро млеко

Бобан Илијевски

Претседателката на Гласен Текстилеце Кристина Ампева која учествува на Загреб Форум денеска на Фејсбук сподели податоци од 2020 годин за тоа колку време се работело во државите од регионот на минимална плата, за да се купи едно литро млеко.

Според податоците, Македонците во 2020 требале да работат 41 минута за да можат да купат едно литро млеко. Од нашиот регион најмалку работеле Хрватите, односно нив им требало 20 минути работа на минимална плата за да купат едно литро млеко, додека на Србите им било потребно да работат 33 минути за да заработат и да си дозволат едно литро млеко.

Доколку правиме споредба со државите кои се малку подалеку од нас, можеме да забележиме дека најлошто стоела Украина, на чии работници им требало да работат еден час или 60 минути за да купат едно литро млеко, додека Германците стојат најдобро, односно на тамошните работници кои се приматели на минимална плата работеле 6,6 минути за да купат едно литро млеко.

Од инфографикот можеме да заклучиме и дека цената на едно литро млеко во Македонија е поголема од таа во Хрватска, Албанија, Србија и Германија, која има далеку поголем стандрад од нашиот.

Бобан Илијевски е главен и одговорен уредник на порталот Работник и е еден од ретките новинари во Македонија специјализирани за областа на работните односи.

Бобан Илијевски

Бобан Илијевски е главен и одговорен уредник на порталот Работник и е еден од ретките новинари во Македонија специјализирани за областа на работните односи.