Правда

Информацијата за спроведување на исплата на регрес за годишен одмор, на дневен ред на економско – социјалниот совет

Информацијата за спроведување на исплата на регрес за годишен одмор, на дневен ред на економско - социјалниот совет - Работник
434views

Денеска се одржа 52 – та седница на економско – социјалниот совет – ЕСС при Министерството за труд и социјална политика.

На седницата се усвоиле записниците од 50 и 51 седница, се разговарало за Извештајот за имплементација на гарнацијата за млади за 2018 година; Извештајот за имплементација на Акцискиот план за вработување за 2018 година и Извештајот за имплементација на Акциски план за формализирање на неформалната економија за 2018 година. Се разгледала и Информацијата за спорведување на исплата на регрес за годишен одмор во приватниот сектор и преземање на мерки при непочитување на регулативите. Се презентирал ажурираниот извештај за клучните ограничувања кои се однесуваат на бизнис климата, во врска со Анализата „Поволна бизнис клима за одржливи претпријатија во Република Северна Македонија“ и се утврдиле наредните чекори. Се утврдиле и две теми за обуки на членови на постојани комисии на економско – социјалниот совет. И на крајот имало презентација за изгледот на новото лого на економско – социјалниот совет.

Имено, економско – социјалниот совет е трипартитно тело каде што се вклучени: организациите на работодавачите, синдикатите и претставници на Владата. Овој совет е основа на социјалниот дијалог. Претседател на ЕСС е министерката за труд и социјлна политика, Мила Царовска.