ЕкономијаМакедонија

Иплатувачите на доход да извршат реализација на ЕППД прсметките

Иплатувачите на доход - Работник
388views

Управата за јавни приходи апелира до сите исплатувачи на доход кои заклучно со 31.12.2019 година не извршиле реализација на налозите во кои освен данокот во себе содржат износ за исплата на нето доход на трансакциска сметка, да го сторат тоа во текот на денешниот ден. Во спротивно доколку обврската за реализација на налогот ја пренесат во 2020 година треба да извршат корекција на пресметката во периодот и со тоа да се изгенерира нов соодветен налог. Исто така можат да ја сторнираат постоечката пресметка и со тоа ќе се изврши сторнирање на постоечкиот налог, а потоа да искреираат нова пресметка во новиот даночен период.

Оваа напомена се дава заради промена на стапките на данокот на личен доход кои важат од 01.01.2020 година, поради што може да се јави потреба за корегирање на поднесените и платени Е-ПДД пресметки со барање за враќање на повеќе/погрешно платен данок, но и заради точна евиденција на остварениот доход и нивно евидентирање во Претпополнетата Годишна даночна пријава.