ПравдаСветот на работникот

Иран: Работници осудени поради организирање на протест

Иран: Работници - Работник
163views

Четиринаесет работници од индустрискиот комплекс во Хафт Тапех Сугракане во нафтено богатата провинција на Кузестан, вчера биле изведени пред суд.

Работниците биле обвинети поради учество на едночасовен протест на 9 мај, на кој ги побарале своите права, рече независниот синдикат на комплексот.

На суд, четиринаесетте работниците одговарале на обвиненијата за барање на двомесечните неисплатени плати, решение на нивните проблеми поврзани со трудовите договори и имплементација на план за класификација на работните места.

Претходно, уште седум работници биле осудени. Според социјалните медиуми на работниците на Хафт Тапех, судијата ги осудил на осум месеци затвор и триесет удари на камшик.

Според истиот независен канал, судијата им наредил на обвинетите да му се извинат на приватниот сопственик на индустрискиот комплекс.

Но, Исламските судски власти претходно направија контрадикторни чекори за судбината на сопственикот на фабриката за производство на шеќер, Хафт Тапех. Додека некои инсистираа дека тој требало да биде затворен, други рекоа дека тој ја напуштил државата.