Правда

Иран: 3 жени осудени на 55 години затвор за непочитување на исламскиот кодекс на облекување

Иран: 3 жени осудени на 55 години затвор за непочитување на исламскиот кодекс на облекување-РаБОТНИК
230views

Монуре Арабашахи, Јасамин Ариани и Мојган Кешаварец, три жени кои се задржани во иранскиот притвор од април годинава за „непочитување на задолжителниот хиџаб“, од страна на Иранскиот револуционерен суд се осудени на затворски казни од најмалку 16 години секоја за непочитување исламскиот кодекс на облекување во земјата.

Секоја од нив беше осудена на пет години под обвинение за „здружување и дејствување против националната безбедност“ и за циркулирање на „пропаганда против режимот“ и десет години за „поттикнување и подготовка на основите за корупција и проституција“.

На жените им беа донесени пресуди во отсуство на нивниот правен советник, според Иранскиот Монитор за човекови права; правниот советник, исто така бил одбиен да присуствува во одредени фази на постапката на обвинението, сослушувањата, па дури и за време на самото судење.

Глобалната организација за човекови права Амнести Интернешнл го осуди произволното задржување на трите жени и одбивањето на нивниот пристап до правен советник во отворено писмо до шефот на судството Ебрахим Раиси, во Иран, претходно минатиот месец.

Обвиненијата против жените потекнуваат од видеото кое беше широко споделено на социјалните медиуми во март, на Меѓународниот ден на жената. Во видеото се прикажани Арапшахи, Ариани и Кешаварц без нивните шамии, разделувајќи им цвеќе на жените во метрото во Техеран додека разговараат за нивните ставови за иднината на правата на жените во Иран.