ЗанимливостиМагазин

Ирска го тужи Фејсбук: Загрижени за податоците за децата

Ирска го тужи Фејсбук: Загрижени за податоците за децата - Работник
62views

Ирската служба за заштита на потрошувачи (ДПК) започна две истраги против Фејсбук денес, откако изрази загриженост во врска со управувањето со оваа социјална мрежа на лични податоци на децата на Инстаграм.
Инстаграм е социјална мрежа во сопственост на Фејсбук, а според Ројтерс, спорни се податоците за е-пошта и телефонските броеви на корисници на возраст под 18 години, кои и се достапни на јавноста.

ДПК, главниот правен заштитник на Европската унија за интернет-податоци, прими претставки од поединци и изрази „потенцијална загриженост“ во врска со ракувањето со податоците на малолетници на Инстаграм, изјави за Ројтерс заменикот на службата, Греам Дојл.
Ирскиот заштитник започна истрага по жалбата на Дејвид Стајер, американски научник, додаде британски Телеграф. Истрагата ќе утврди дали Фејсбук има законско право да управува со податоците, како и дали обезбедува соодветна заштита на своите корисници на Инстаграм.

„Оваа истрага се однесува и на тоа дали Фејсбук е во согласност со правилата за контрола на податоците кога станува збор за малолетници“, рече Дојл.

Ирска е центар на бројни американски технолошки компании, па затоа ДПК стана главен заштитник на Европската унија во областа на социјалните мрежи. Новите правила му овозможуваат на заштитникот на потрошувачот можност да изрече казна од четири проценти од вкупните светски приходи или парична казна од 20 милиони евра.

Извор: b92.net