МакедонијаСветот на работникотСиндикат

Исајов: Поддршка за одлуката за преместувањето на 97 -те војници во затворската полиција

Исајов: Поддршка - Работник
90views

Преместувањето на 97 војници во затворската полиција е навистина добра одлука од страна на Министерството за одбрана и ние ја поддржуваме целосно, рече Претседателот на Независниот синдикат на одбраната, Ванчо Исајов.

„Сметам дека оваа одлука навистина е добра за сите припадници на Армијата кои после навршувањето на 45 години им престанува работниот ангажман во Армијата“, рече Исајов.

Тој истакна дека синдикатот којшто тој го предовиди ќе се залага да и понатаму сите војници кои ќе навршат 45 години да се преместуваат во кавлитетни институции каде ќе имаат добри работни услови и високи плати.

Тој додаде дека со Министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска договориле да од 2020 година, оние војници кои ќе навршат 45 години, четири месеци пред да се вработат во некоја институција, да работат во Министерството за одбрана и да ја земаат истата плата, што ја примале додека работеле во Армијата.