МакедонијаПравдаСиндикат

Исајов: Потребно е унапредување на социјалниот статус на вработените во АРМ

Исајов: Потребно е унапредување на социјалниот статус на вработените во АРМ - Работник
1.13Kviews

Порталот Работник го контактираше Претседателот на Независниот синдикат на Одбраната, Ванчо Исајов, за да го дознае неговиот став околу предлог законот за служба во АРМ кој се изгласа во собрание, но не беше потпишан од страна на Претседателот Ѓорге Иванов, поради тоа што ја содржел географската референца Северна.

Исајов, во врска со членот од законот каде што Армијата без јавен оглас може да прими цивилен персонал, на кои службата во Армијата им престанала поради навршување на 45 годишна возраст, рече дека оваа година Армијата ќе може да апсорбира 39 војници, меѓутоа што ќе биде следната година кога ќе има поголем број на професионални војници.

„Ние ќе немаме толку цивилни места за цивили, каде што сите ќе влезат. НАТО тежнее кон тоа цивилни лица скоро и да нема“, рече Исајов.

Според него до 2021 ќе треба да се примат 400 до 500 луѓе, а за нив ќе нема место. Тој истакна дека тие бараат професионалните војници да влезат во законот за служба како активни воени лица и да останат на служба до стекнување на услови за пензионирање. Луѓето, кои нема да можат да останат на тие формациски места, каде што има поголеми физички напори да се префрлат во логистика, на места кои не бараат вложување на голем физички напор, како што се ракувачи, возачи на неборбени возила.

Тој истакна дека многу лошо во сето ова е што има луѓе, кои со стекнатото искуство се и подобри во работата и и се потребни на армијата, а заминуваат од неа. Како на пример, куварите на 45 години излегуваат на пензија, а тој стекнал искуство самостално во воените објекти или кога ќе отиде на терен, да готви сам. Нему не му треба да вложува физички напори, туку искуството е она што вреди и што е важно за армијата.

Исајов објасни дека во Армијата има такви формациски места, каде што се потребни поискусни и постари луѓе, како ракувачи на инжинериски машини, возачи на влечни возила и други. Сите тие се формациски места слични како во градежните компании. Тој смета дека ако можат на вакви позиции таму да работат до наполнување на 40 години работен стаж.

Исајов објасни и дека армијата треба да им дозволи на оние вработени, кои сакаат некој период да работат во меѓународни безбедносни институции, тоа да го направат. И додека тие се на служба таму, нивните работни места да бидат замрзнати. Со тоа ќе се добиваат меѓународно искусни војници

Негов став е дека треба да се најде соодветно решение за социјалниот статус на војниците. Откако војниците ќе наполнат 45 години и ќе излезат од Армија тие се распределуваат во другите инстуции на јавната администрација. Исајов смета дека јавната администрација е пренатрупана и војниците се вработуваат во приватниот сектор за пониска плата, од таа што ја земале во армијата.

Тој истакна дека доколку вработените во армијата излегуваат со 40 години работен стаж нема да се оптовари пензискиот систем, бидејќи нема сите војници одеднаш да излезат во пензија.