Исплашени од корона, лозари се откажаа од садење иако имаа капарисани лозови калеми

Исплашени од коронавирусот, лозари од Тиквешко се откажаа од садење лозје оваа пролет, иако имаа резервирани и капарисани лозови калеми. Оваа информација за МИА ја потврдија од расадникот за лозови калеми во неготинското село Тимјаник.
-Поради ситуацијата со коронавирусот, некои муштерии исплашени од економската криза што следува, иако имаа договорени и капарисани лозови садници, се откажаа од садење и ги откажаа садниците. Сепак, и покрај ситуацијата, еден дел од лозовите садници добро се продадоа, бидејќи однапред беа договорени. Но, за жал, овошните садници два месеца застанаа со продажба, бидејќи пазарите и земјоделските аптеки не се секогаш отворени, ни рече Васе Мојсовска, сопственичка на расадникот.
Повеќе прочитајте на iportal.mk