ЕкономијаМакедонија

Исполнети се барањата на вработените од Еурокомпозит – Владата го усвои Предлог-законот за претворање на побарувањето…

Исполнети се барањата на вработените - Работник
202views

Владата на Република Северна Македонија на 148-та седница одржана на 30 јули 2019 година го усвои и достави до Собранието Предлог-законот за претворање на побарувањето на Република Северна Македонија по основ на јавни давачки во траен влог во Друштво за производство на производи со посебна намена „11 Октомври – Еурокомпозит АД“ Прилеп со кој се исполнуваат барањата на поранешните и сегашните вработени на ова претпријатие во државна сопственост.

Практично ќе бидат надоместени заостанатите долгови по однос на придонес за пензиско и инвалидско осигурување на вработените, со што се исправа повеќегодишната неправда кон вработените и ќе им биде евидентиран остварениот работен стаж во компанијата, за да можат соодветно сите сегашни и поранешни вработени да го остварат правото на пензија согласно минатиот труд.

Со овој закон се уредува начинот и постапката за претворање на побарувањата на Република Северна Македонија по основ на јавни давачки во траен влог во Друштво за производство на производи со посебна намена „11 Октомври – Еурокомпозит АД Прилеп“.

„Законот е доставен до Собранието на Република Северна Македонија и во согласност со агендата на Собранието, очекуваме да биде усвоен во што е можно покус временски рок“, истакнаа од Владата на Р. Македонија.