ЕкономијаМакедонијаНовости

ИСТА ПЕНЗИЈА ЗА ПЕНЗИОНЕРИ СО ИСТ СТАЖ – ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА ЗА СОБИРАЊЕ 150.000 ПОТПИСИ И РЕФЕРЕНДУМСКО ИЗЈАСНУВАЊЕ

   Време за читање 1 минута

Народот да се изјасни дали треба да се донесе закон за државна пензија, според кој сите пензионери со ист стаж ќе имаат исти примања. До Собранието е доставена граѓанска иницијатива за собирање 150 илјади потписи, што ќе овоможи референдумско изјаснување на оваа тема.

Прашањето би гласело:

„Дали сте за или против донесување на закон за државна пензија со која сите пензионери со ист стаж ќе имаат иста пензија, а пензиите согласно стажот ќе бидат пресметани според табелата дадена во прилог“.

Предлагачите посочуваат дека висината на државната пензија се пресметува според работниот стаж на пензионерот и висината на просечна плата во Македонија, а во табелата се наведени направените пресметки, базирани на просечна плата од 36 илјади денари. Се однесуваат на стаж од нула до над 35 години, а би им следувала на сите мажи кои наполниле 65 години и на сите жени со 62 години.

Повеќе на Пари