ПравдаСветот на работникот

Иста работа, различна плата: Иако жените носат поголем профит тие земаат 20 % помали плати од мажите

Иста работа, различна плата - Работник
244views

Компаниите кои имаат повеќе жени на менаџерските позиции заработуваат подобро, а голем број на жени – директори значи и посилен раст на приходите, како и поголеми профитни маржи, покажуваат неодамнешните истражувања. Сепка, како што тврдат експертите, разликите во заработките и тоа околу 20 отсто во корист на мажите и понатаму се присутни ширум светот, додека мажите преовладуваат, односно 70 отсто од нив се на менаџерски и директорски позиции.

Жените од друга стана се посовесни и поодговорни во работата. Полесно прават договори и попрво би биле на страната на колегите, тврдат познавачите на пазарот.

Аналитичарите на „Credit Suissea“ во истражувањето на 3,000 компании од 56 земји на светот, заклучиле дека во последните пет години компаниите во семејно сопствеништво со барем една жена како директор, секоја година забележуваат подобри резулатати, од оние каде што има исклучиво само мажи.

Се оградиле дека жените не мора да значи дека се причина за успех на компаниите, но дошле до сознание дека компаниите каде што има жени на управувачките позиции се склони кон бавење со прашања за одлжливост, влијание на околината, работните услови и работниците.

Целосниот текст прочитајте го тука