ПравдаСветСветот на работникот

Историска одлука на судот: Децата мора да работат, а не да бидат издржувани од родителите

Историска одлука на судот - Работник
458views

Врховниот суд во Италија пресудил да родителите не мора финансиски да ги поддржуваат своите деца доживотно. 

Хонорарниот наставник по музичко, на кој му било тешко да пронајде работа која му се допаѓа, последните пет години успешно се борел на суд за да докаже дека обврска на неговите родители е да го поддржуваат финансиски. 

Во првиот случај, локалниот суд се согласил дека 35 годишникот може да се потпре на своите родители кога се во прашање трошоците, бидејќи 18,000 евра кои ги заработил од хонорарната работа не биле доволни за да може да живее. Се согласиле и со неговото тврдење дека има право на работа која е во согласност со неговото образование и амбиции. 

На едно од следните рочишта, вишиот суд ја намалил месечната стипендија од 300 на 200 евра. 

Меѓутоа, Врховниот суд на Италија ја укинал оваа одлука, пресудувајќи дека родителите не се одговорни за финансиската ситуација на нивните деца целиот живот. 

Судијата Марија Кристина Џанкола рекла дека младите Италијанци треба да работат на достигнување на финансиска независност, додавајќи дека поддршката на родителите не им е загарантирана. 

Судот пресудил дека 35 годишникот мора да ги „намали амбициите“ и додал дека долготрајното и неефикасното барање на работа не помогнало во неговиот случај. 

И таткото на наставникот кој се развел од неговата мајка, се вратил да живее со својата мајка во 60 -та година. 

Ја затворил својата железарска работилница, но не се потпирал на неговата мајка за финансика поддршка, додал судот. 

Минатата година официјалната статистика покажала дека речиси 65 отсто од Италијанците помеѓу 18 и 34 години живеат со еден од родителите, додека 36 отсто постари од 18 години живеат со двајцата родители. 

Пресудата во Италија се покажала како контроверзна, со тоа што некои ја поздравуваат конечната одлука, а други наведуваат дека пазарот на трудот во земјата претставува проблем за младите Италијанци.