НаукаПравда

Историска победа – Ќе се забрани продажбата на диви слонови на зоолошките градини

Историска победа - Работник
44views

Конвенцијата на Обединетите Нации за меѓународна трговија со загрозените видови на дива флора и фауна (CITES), регулаторот на глобалната трговија на диви животни, на 18 заседание на конференцијата на странките направила значаен чекор за забрана на диви слонови на зоолошките градини ширум светот, што според еколозите е историска победа.

Голем дел на земјите на собирот одржан во Женева гласале за забрана на преместувањето на слонови од дивината во зоолошките градини, што е пракса за која организациите за заштита на животни одамна ја сметаат за груба.

Гласањето е направено на конференцијата на членките на CITES во Женева во чија работа учествувале повеќе од илјада експерти кои е бават со зачувување на околината од повеќе од 180 земји низ светот.

Предлогот засега се изгласан со 46 гласови за, 18 против и 19 воздржани. Се работи за еден од двата одбора кои гарантираат двотретинско мнозинство потребно за негово изгласување. На пленарната седница на завршниот состанок на конференцијата која ќе се одржи на 28 август ќе биде потребно одобрување од сите потписници на CITES.

„Одлуката ќе спаси голем број на слонови“

„Оваа одлука ќе спаси голем број на слонови од нивно насилно раздвојување од остатокот од стадото кое живее во дивината, како и од тоа да ги поминат остатоците од нивните животи заробени во многу лоши услови во поголемиот дел од зоолошките градини во светот“, рекла Ајрис Хо, стручњак за диви животни од здружението Human Society International (HIS).

И покрај тоа што продажбата на слонови од западна, средишна и источна Африка кои одамна се воведени во заштитени животински видови, е забранета од многу порано, сеуште се дозволува трговија со слоновите од јужна Африка, чија популација се смета за помалку загрозена.

Конкретно, земјите – потписнички се изјасниле за тоа дека дивите африкански слонови треба да продолжат да живеат во својот природен хабитат, како и да се заврши со праксата на нивно испраќање во зоолошките градини ширум светот.

Зимбабве на пример, на кинеските зоолошки градини од 2012 година им продала повеќе од стотини младенчиња на слонови, велат податоците од HSI.

„Оваа прелиминарна одлука е силна порака до сите дека слоновите не припаѓаат во индустријата на забавата и сметам дека е чекор кон вистинската насока,“, смета Касандра Коенен од Светското здружение за заштита на диви животни (WSPA).

Илјадници на учесници на конференцијата од повеќе од 18 држави расправаат за 56 предлози кои се однесуваат на промената на степенот за заштита на дивите животни и растенијата.

Конференцијата била повикана поради тоа што во мај бил направен извештај од страна на ОН во кој стои дека на милиони животински видови им се заканува смрт.

CITES е меѓународен договор чиј цел е да ја регулира и да врши надзор врз меѓународната трговија со диви видови, како и гарантира дека таа нема да го загрози опстанокот на тие видови во природата.

Договорот е донесен во 1973 година во Вашингтон, а на сила стапил во 1975 година. До денеска му пристапиле 182 држави од светот, што ја прави најприфатлива меѓународна конвенција од подрачјето на заштита на природата во светот.