Историски ниско ниво на невработеност во еврозоната
Невработеноста во еврозоната во март и натаму беше на историски најниско ниво од 6,5 отсто, исто како и во претходните четири месеци, објави Евростат. Во Европската унија, стапката на невработеност во март изнесуваше 6%, нешто помалку од 6,1% во февруари.
Евростат проценува дека во март во Европската унија биле невработени 13.258 милиони луѓе, од кои 11.087 милиони биле во еврозоната. Во споредба со февруари, невработеноста е намалена за 74.000 во Европската унија и за 94.000 во еврозоната.
Ако ги споредиме тековните податоци со март 2023 година, невработеноста порасна за 175.000 во Европската унија и падна за 51.000 во еврозоната на годишно ниво. Стапката на невработеност на младите до 25 години во март 2024 година изнесува 14,6% во Европската унија и 14,1% во еврозоната.
Висока невработеност е забележана во Шпанија 11,7 отсто, Грција 10,8, Шведска 8,3, додека ниски стапки на невработеност се регистрирани во Чешка и Полска, по 2,9 отсто, како и во Словенија од 3,1 отсто.
Фото: Pexels