ЗанимливостиСветот на работникот

Истражување: Жените со премногу шминка не се добри лидери

Истражување: Жените - Работник
99views

Жените кои користат премногу шминка на работното место не се добри лидери, покажа истражување во Шкотска.

Шминката може да ја подобри нашата самодоверба како во приватниот живот, така и на работното место. Но, најновото истражување утврди дека жените кои користат премногу шминка немаат силни лидерски способности.

Козметиката може да го подобри нашиот изглед така што во очите на набљудувачот изгледаме попривлечно и поубаво. Тоа може да ѝ помогне на жената да го привлече вниманието на посакуваниот маж.

Но, според студија на Универзитетот Абертај во Шкотска, многу е мала веројатноста дека ќе биде лидер. Во истражувањето учествувале 150 жени, а во него се проценувал изгледот на женското лице и тоа дали жените имаат лидерски способности. Тие утврдиле дека жените кои имаат премногу шминка на лицето не се подготвени да бидат лидери. Причина за тоа би можело да биде дека имаат премногу шминка на лицето, а силната шминка повеќе се поврзува со дружење, забава и ноќни излегувања отколку со сериозност.

Студија од Универзитет Харвард се сложува со овие тврдења. Нејзините резултати сугерираат дека иако козметиката им помага на жените да бидат компетентни, драматичниот или гламурозниот изглед со текот на времето може да ги направи помалку самоуверени.

извор: kajgana.com