Светот на работникот

Истражување: Инспекторатот за труд не е функционален

Истражување: Инспекторатот за труд не е функционален - Работник
387views

Зоран Биковски од здружението КХАМ – Делчево направи истражување за трудовата експлоатација и функционирањето на Инспектортатот за Труд во Делчево.

Според истражувањето најнапред биле собрани информации од јавен карактер и биле испратени испратени од Инспекторатот за Труд – одделение Делечево. Во него се наведува дека на самата зграда немало натпис или табла која би го укажала постоењето на оваа институција, канцелариите се недостапни за лица со попреченост и не може да се контактираат преку електронски пат.

Според истражувањето направено е неформално интервју со инспекторите. На прашањето зошто не постапиле за спорведениот штрајк на А.Д „Платекс“, таа дала два одговори. Првиот бил дека постапувале само кога некој ќе отиде да пријави, а таа немала право таму да постапува бидејќи во таа фабрика работела мајка и и дека би имало конфликт на интерес.

Во него се истакнува дека било разговарано и со лицата кои во нивното здружение имаат пријавено кршење на работнички права и кои претходно се пожалиле во Инспекторатот за Труд. Една од нив била В.Б, работничка во добро позната текстилна фабрика која била повикана пред две години од страна на директорот и и било кажано дека мора да оди во сабота на работа како и сите. Работничката му кажала дека работи 40 часа неделно и дека не ја зема ни минималната плата, но сепак се согласила да оди и во сабота на работа. По завршувањето на работниот месеџ, работничката В.Б видела дека платата и е под минималната иако работи и над 180 часа. Тоа и се случило и наредниот месец и случајот го пријавила во Инспелторатот за труд. После 5 дена дошле два трудови инспектори, каде во нивно присуство била навредувана од директорот и и рекол дека никогаш повеќе нема да влезе во фабриката. Тоа било и закана по животот на В.Б. Пред инспекторите рекол дека тоа е негова фабрика, таму тој е господ и таа нема веќе да има пристап во неа. Инспекторите мирно ја следеле сцената и барале да се помират. В.Б земала боледување бидејќи и се качил притисокот од целата ситуација. Сепак ова не било се, директорот на фабриката испратил инспекција од ФЗО кај докторот што и издал боледување и испратил барање до работничката В.Б да му исплати оштета од 40, 000 денари за тоа што не била на работа. Работничката В.Б благовремено го внела боледувањето преку препорачано писмо. Во меѓувреме дошол одговор од Трудовиот Инспекторат дека на Директорот на фабриката му е укажано да го дефинира работното место и работното време на работничката В.Б, а за неисплатената минимална плата од Инспекторатот е наведено дека според изјавата на директорот, на работничката и е исплатен аванс. На неа само и преостанува да ја бара својата правда по судски пат. По пријавата таа лично го посетила Инспекторатот, при што тие рекле дека работат според закон, а ако покрене судска постапка тој и неговата колешка нема да сведочат, бидејќи се државни службеници.

Оваа еден од примерите на кршењето на работничките права кои се наведени во истражувањето, според кое јасно се гледа дека Инспекторататот за труд не функционира.

Истражувањето е изработено во рамки на проектот: „ Граѓански ориентиран пристап при испорака на јавните услуги“. Финансирано е од Европската Унија и кофинансирано е од Британската Амбасада во Македонија.

Извор: Фејсбук страна на Гласен Текстилец