- Advertisement -
НовостиПравдаСветСветот на работникотСиндикат

Истражување: На секој трет вработен му е нарушено менталното здравје

Стрес на работа - Работник
166views

Пандемијата од коронавирусот придонела за дополнителен стрес на работа кој го пријавиле дури 63 % од вработените, како и кај секој трет работник на кој негативно влијаела промената во начинот на работење и работната атмосфера, покажале резулатите од истражувањето кое го спровело Сојузот на Самостојни синдикати на Србија. 

Синдикатот неодамна спровел и истражување за влијанието на променетите услови за работа, предизвикани од пандемијата, на психичкото здравје на работниците. 

Advertisement

Резултатите од истражувањето очекувано покажале дека во време на пандемија доаѓа до нарушување на психичкото и физичкото здравје. 

Целна група биле вработените (примарно членовите на синдикатот) кои имале работен однос или биле работно ангажирани во текот на пандемијата. 

Advertisement
Advertisement

Истражувањето е направено на примерок од 610 испитаници од речиси сите места и градови во Србија, од приватниот и јавниот сектор, со тоа што поголемиот дел од испитаниците се од јавниот сектор. 

Третина од испитаниците изјавиле дека работењето за време на пандемија има негативно влијание врз нивното ментално здравје. 

Позагрозено се чувствувале жените, вработените кои се на возраст помеѓу 35 и 50 години, додека не е најдена значајна поврзаност во негативното влијание на психичкото здравје помеѓу оние кои биле позитивни и оние кои немале Ковид – 19. 

Дополнителен стрес на работа во услови на пандемија почувствувале 63 % од испитаниците. 

Стресот предизвикан од страв дека заразата може да се донесе дома е чувство кое го пријавиле 45 % од испитаниците, додека страв за својата безбедност и недостаток на заштитна опрема пријавиле мал број на испитаници. Од физички и психички тегоби, во последните година дена, главоболки имале 51 % од испитаниците, несоница 48 %, губење на тежината 10 %, чувство за изолираност од другите 53 %, депресија 30 %, чувство на помала вредност 23 %, а постојано чувство на напнатост и нервоза 48 %. 

Кога е во прашање стравот од отказ, повеќе од половина испитаници изјавиле дека го немаат тој проблем. 

Најголемиот број на испитаници оделе секојдневно на работа, а од оние кои работеле од дома (10 %), најголемиот број сметаат дека тоа воопшто не преставувало пречка ниту во работата, ниту во животот. Кога во прашање се приходите, кај 80 % од испитаниците платата останала иста. 

Секој втор испитаник (51 %) укажал дека работодавачите не презеле никакви чекори во пружање на поддршка на работниците кои имаат проблеми со психичкото здравје.

Помеѓу анкетираните 30 % биле позитивни на Ковид – 19, а секој втор укажал на стрес предизвикан од стравот дека заразата може да ја донесат дома, додека страв за сопствената сигурност и недостатокот на заштитна опрема пријавиле непознат број на испитаници. 

Секој втор е задоволен од своето моментално функционирање на работното место, додека поголемиот дел од нив сметаат дека меѓучовечките односи и работната атмосфера биле подобри пред почетокот на пандемијата. 

Фото: Pixbay 

Advertisement