СветСветот на работникотСиндикат

Италијанските работници против работењето на индустриите во ек на корона вирусот

Италијанските работници - Работници
189views

Синдикатите во Италија бараат од Владата да ја преиспита листата на индустрии на кои им е дозволено да работат и покрај пандемијата на корона вирусот. Тие искажаа голема загриженост за здравјето и безбедноста на работниците.

Доцна попладенто на 21 март, италијанскиот Премиер Ѓузепе Конте се обрати на нацијата преку видео во живо на социјалната мрежа Фејсбук и рекол дека Владата ќе ги заостри постоечките мерки за да се справи со корона вирусот кој беснее во земјата.

Како резултат, потребно било да сопре се. „Одлуката на Владата е да се затвори целата територија на државата – секоја индустриска активност којашто не е потребна и круцијална да ни овозможи есенцијални услуги“, рекол Конте.

Следниот ден од страна на Владата била пуштена листа на речиси 80 индустрии кои се исклучок од ова правило, а подоцна таа била проширена на 97 сектори, вклучувајќи ги авионскиот, одбрабениот сектор и производството на агрикултурни машинерии. Според декретот потпишан од страна на Конте на 22 март, на сите компании им било дозволено да поднесат жалба доколку сакаат да продолжат со работа.

На голем број од работниците и синдикатите, ова им звучело опасно. Утрото на 25 март, металуршките работници во Ломбардија започнале штрајк додека синдикатите преговарале со Владата да им дозволи на индустриите кои не се важни во овој момент да престанат со работа. На металуршката индустрија и било овозможено да сопре со производството, а на одбрабениот сектор му било дозволено да забави со работа. Сепак, на другите индустрии ќе им биде овозможено да продолжат со работа, објави Дојче Веле.