ЕкономијаСветСветот на работникот

Италија затвора над 20 отсто од хотелите – 118 илјади работници останаа без работа

Италија затвора над 20 отсто од хотелите - Работник
99views

Повеќе од една четвртина хотели во Италија ќе останат затворени овој месец, иако државата ја укина блокадата по околу три месеци рестриктивни мерки воведени поради новиот коронавирус, а над 20 отсто ќе бидат затворени во текот на целата летна сезона, соопшти италијанското здружение на хотелиери.

Раководителите на околу 30 проценти од хотелите во Италија одлучија нивните објекти да останат овој месец затворени, а планирано е околу 80 отсто од вкупниот број хотели во земјата да бидат отворени во август.

Во извештајот на здружението се наведува дека околу 118.000 луѓе минатиот месец останале без сезонска работа во хотелиерството поради ситуацијата со Ковид-19. Некои хотели кои се отворени во Фиренца, една од најпопуларните туристички дестинации пред пандемијата, стравуваат за нивниот опстанок бидејќи нема доволно резервации.

Италија на 3 јуни ги отвори регионалните граници по тримесечни мерки за ограничување на движењето. Истовремено, дозволени се патувања за граѓани од земјите на ЕУ и Шенген зоната.