- Advertisement -
Економија

Италија изгубила 1 милијарда евра за 5 години поради руското ембарго

Италија изгубила 1 милијарда евра за 5 години поради руското ембарго-Работник
196views

Поради руското ембарго наметнато како одговор на европските санкции поради кризата во Украина, извозот на италијански прехранбени производи забележа загуба од една милијарда евра за пет години, објави во вторникот Колдирети, најголемиот агро-прехранбен сојуз во Италија.

Синдикатот ја објави бројката по повод петгодишнината од ембаргото, воведено од рускиот претседател Владимир Путин, на 7 август 2014 година, и продолжено до крајот на 2020 година.

Advertisement

Долгиот список на руското ембарго вклучува голем број на производи: овошје, зеленчук, сирење, месо и месни производи и риба од Европската унија, САД, Канада, Норвешка и Австралија. Од воведувањето на ембаргото, извозот на италијански производи во Русија, како пармезан, шунка и компири, падна на нула, предупредуваат од синдикатот.

„Ова е неподнослива цена што ја плаќаат Италија и ЕУ и затоа е важно да се вратиме на дијалогот“, рече Еторе Прандини, претседател на Колдурети.

Advertisement
Advertisement