- Advertisement -
НовостиПравдаСветСветот на работникот

ИТАЛИЈА ПРВА ВО ЕУ ВОВЕДУВА ЗАДОЛЖИТЕЛНИ КОВИД ПОТВРДИ Сите вработени треба да се вакцинирани

ИТАЛИЈА ПРВА ВО ЕУ ВОВЕДУВА - Работник
813views

Сите вработени во Италија во јавниот и во приватниот сектор задолжително ќе мора да поседуваат здравствена зелена потврда која докажува дека лицето е вакцинирано барем со една доза против коронавирусот, дека неодамна оздравеле или дека се негативни, изјавила министерката за регионални работи Мариастела Гелмини.

Со ова Италија би била првата европска земја во која ковид-потврдите ќе бидат задолжителни за сите вработени. Италија се одлучила на тој чекор за што повеќе луѓе да се вакцинираат и за да го спречи ширењето на заразата.

Пропусницата, во дигитална или хартиена форма, првично била замислена за да ги олесни патувањата меѓу земјите членки на ЕУ, но Италија бара зелените потврди да бидат предуслов за влез во музеи, теретани, во затворени простори и во ресторани.

Министерката вели дека утрешниот состанок на Владата ќе биде важен момент за продолжување на задолжителното поседување на тој документ.

– Одиме кон задолжителна зелена потврда не само за вработените во јавниот туку и за тие во приватниот сектор-додала Гелмини.

Околу 73 отсто од 60 милиони жители примиле барем една доза, а6 65 отсто се целосно вакцинирани. Утрешниот состанок би можело да биде тензичен и допрва ќе се види дали Владата ќе оди толку далеку како што најавува министерката од конзервативната партија на Силвио Берлсускони Форца Италија.

Противниците на зелената потврда тврдат дека со тој документ како задолжителен се гази слободата на граѓаните и дека тајно се сака да се воведе задолжителна вакцинација. Неколку европски земји ја користат здравствената ковид потврда за рекреативни активности и за патувања, но ниту една не ја прогласила за задолжителна за сите вработени во јавниот и во приватниот сектор.