МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

ИТУК: Аргентина е пример за обновување на демократијата во Јужна Америка

ИТУК: Аргентина е пример - Работник
56views

Меѓународната Конфедерација на синдикати – ИТУК ги поздравува резултатите на претседателските избори во Аргентина, во кои Алберто Фернандез го порази в.д Претседателот на Аргентина, Маурисио Макри. Макри прогледа низ прсти еден период на економски колапс, кршење на работничките права, строги мерки наметнати од ММФ и се обиде да протурка анти – работничка легислатива, пишуваат од ИТУК на нивната веб страна. 

Генералниот Секретар на ИТУК, Шаран Бароу во името на ИТУК рече дека им честита на храбрите луѓе на Аргените кои, во изминатите четири години, издржаа под раководството на Претседател кој го вметна неуспехот на неолиберализмот.

„Ни велат дека не постојат алтернативи на нивните строги политики. Сега, новодојдената Влада има историска можност да покаже дека постои алтернатива за конфискување на богатствата и моќта од кои бенефицираат елитите. Нивната алтернатива значи продлабочување на демократијата; значи реизградба на доверба и чесност со овозможување на просперитет и распуштање на структурите кои ја дистрибурираат моќта на богатите“, рече Бароу.

Според ИТУК, работниците се соочувале со огромни тешки ситуации под раководствто на Макри. Додека минмалната плата била замрзната, инфлацијата значеше дека луѓето се мачат за да ги покријат своите потреби. Тие истакнаа дека половина од работничката популација во државата е во неформалната економија, а 60 % од тие коишто се формално вработени се на линија на сиромаштијата. Нееднаквоста имаше обемен раст зголемувајќи се за 20 проценти за три години. Луѓето кои се обидоа да се изборат за своите права беа санкционирани, синдикатите се соочуваат со задржувања, обвинувања и притворања, а работниците кои штрајкувале биле заменувани и отпуштани.

„Ние видовме глем дела на анти – работнички партии кои држат моќ во регионот. Но, луѓето реагираат. Овие избори покажаа дека нивните борби ќе донесат политичка промена. Не можат да ги лажат луѓето постојано“, рече Бароу.